Competition in this pair is now closed. Source text in English All travel is now merely a means of moving a camera from place to place, all travellers are ruled by the all-powerful lens. Visitors old-fashioned enough to wish only to stand and look with their anachronistic eyes are shoved aside by the photographers, who take it for granted that while they do their ritual focusing, nothing else may move or cross their vision. Those peculiar souls without a camera must step aside for those more properly occupied, must wait while the rituals take place, and must bide their time while whole coaches stop and unleash upon the landscape the Instamatic God. And the populations of whole countries seeing themselves cannibalised, swallowed up, vacuumed into the black-ringed staring eye, wrench what they can from the cannibals. You want picture my house, my camel? You pay.
None of this would matter, perhaps, if anything worthwhile was being accomplished. If all the constant busyness and clicking produced, at its end, what had not existed before, images of beauty captured or truth told. But, sadly, this isn't so. The camera is simply graffiti made respectable.
The camera is the means by which we stamp ourselves on everything we see, under cover of recording the Wonders of the World already wonderfully
recorded by professionals and on sale at every corner bookshop and newsagent. But what use to show Aunt Maud, back home, postcards of the Tuscan landscape, since we are not in the picture to prove that we were there?
No stretch of rocks has verity unless I am within it. No monument exists
but for my wife, leaning against it. No temple is of interest without my face beside it, grinning. With my camera I appropriate everything beautiful, possess it, shrink it, domesticate it, and reproduce it on my blank sitting-room wall to prove to a selected audience of friends and family the one absolutely vital fact about these beauties: I saw them, I was there, I photographed them, and, ergo, they are.
from "Amateur Photography: the World as it isn't and our Fred" by Jill Tweedie in the Guardian | The winning entry has been announced in this pair.There were 4 entries submitted in this pair during the submission phase. The winning entry was determined based on finals round voting by peers.
Competition in this pair is now closed. | Денес патувањето претставува само начин на движење на фотоапарат од место до место, сите патници се управувани од семоќните леќи. Фотографите кои земаат сé здраво за готово додека го изведуваат своето ритуално фокусирање, и ништо друго не треба да се движи или да ја прекине глетката, ги туркаат настрана посетителите кои се толку старомодни што посакуваат само да стојат и да гледаат со своите несинхронизирани погледи. Оние необични души без фотоапарат мора да се потргнат настрана поради оние кои се подобро опремени, мора да чекаат додека се изведуваат ритуалите, мора да чекаат да дојде време за да се крене понатаму, додека сите автобуси застануваат и го ослободуваат над пејсажот фотоапаратот Кодак – Инстаматик. И населенијата на цели држави гледајќи се себеси канибализирани, проголтани, вшмукани во црното-округло, ширум отворено око, гледаат да извлечат сé што можат од дивјаците. Сакате да ја фотографирате мојата куќа, мојата камила? Платете.
Ништо од ова не би пречело можеби, ако сé што вреди веќе не е постигнато. Доколку сета постојана зафатеност и кликнување, како крајна цел, произведува нешто што претходно не постоело, доловени слики на убавина или кажана вистина. Но, за жал, ова не е така. Фотоапаратот е едноставно величење на графитите.
Фотоапаратот е средство со кое ние се ставаме себеси на сé што ќе видиме, под изговор дека ги овековечуваме Светските чуда веќе прекрасно овековечени од професионалци и ставени на продажба во секоја книжарница или трафика на аголот. Но каква корист од тоа кога ќе се вратиме дома и на тетка Маре и покажеме разгледница од пејзажот на Тоскана, ако ние не сме на сликата за да докажеме дека сме биле таму?
Ниту една карпа не е вистинска ако јас не сум на неа. Ниту еден споменик не постои доколку мојата сопруга не е потпрена на него. Ниту еден храм не е интересен без мојот насмеан лик покрај него. Со мојот фотоапарат јас присвојувам сé што е убаво, го поседувам, го смалувам, одомаќинувам и го поставувам на празниот ѕид во дневната соба за да докажам на одбрана публика од пријатели и блиски роднини еден апсолутно важен факт за овие убавини. Јас ги видов, јас бев таму, јас ги фотографирав, и, еве ги овде.
од „Аматерска фотографија“: светот каков што не е и нашиот Фред“ од Џил Твиди, Гардиан
| Entry #3349
Winner Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
17 | 4 x4 | 0 | 1 x1 |
| Секое патување во денешно време е така речи прилика да го прошетаме фотоапаратот од едно место на друго. Со сите патници владеат семоќни објективи. Старомодните посетители кои сакаат само да стојат и да гледаат со своите анахронични очи ќе бидат истуркани настрана од фотографите за кои се подразбира дека додека го вршат ритуалното фокусирање, ништо живо не смее да мрдне или да им ја попречи глетката. Чудните души без фотоапарат мора да отстапат пред оние кои се навистина зафатени, мора да чекаат додека траат ритуалите и да си го исполнат времето на друг начин додека групата стои и го пушта богот Полуавтоматски врз пејзажот. А локалното население кога ќе види како станува жртва на канибализам, кога ќе се најде проголтано, впиено во црното, округло, зјапнато око, настојува да извлече сè што може од канибалците. Ако сакаш да ја сликаш мојата куќа или мојата камила ќе платиш.
Сето ова и не би било страшно доколку навистина вреди. Доколку сето трчање и чкрапање не даде на крајот некој оргинален резултат, нешто невидено, незабележана убавина или нова вистина. Но за жал не е така. Обично добиваме нешто налик на графити.
Фотоапаратот ни овозможува да го ставиме сопствениот отпечаток врз сè што ќе видиме, под изговор дека ги овековечуваме Светските чуда коишто веќе чудесно ги овековечиле професоналци и чиј труд може да се купи во секоја книжарница или киоск. Но што вреди ако по враќањето дома ѝ покажуваме на комшивката разгледници од пејзажите на Тоскана кога нас нè нема на нив за да ѝ докажеме дека навистина сме биле таму ?
Ниедна планинска верига не постои ако не сум јас на неа. Ниеден споменик не постои ако жена ми не е потпрена на него. Ниеден храм не вреди без моето лице до него, насмевнато, се разбира. Со мојот фотоапарат си присвојувам сè што е убаво, поседувам, смалувам, припитомувам и на крај правам репродукција што ќе ја закачам на празниот ѕид на дневната соба и што ќе служи како доказ, пред една потесна, избрана публика од роднини и пријатели, за еден апсолутно витален факт во врска со овие убавини: Јас ги видов, јас бев таму, јас ги сликав и гледате, еве ги.
Џил Твиди во „Аматерска фотографија: Светот како што не е и нашиот Фред“, Гардиан
| Entry #3086
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
16 | 2 x4 | 4 x2 | 0 |
| Патувањето денес се сведува само на преместување на фотоапаратот од едно место на друго, семоќните леќи раководат со сите патници. Посетителите кои се доволно старомодни за да застанат и да погледнат со своите анахрони очи брзо се избуткани од фотографите, кои, додека го извршуваат своето ритуално фокусирање со фотоапаратот, се убедени дека ништо не смее да се движи или им попречи на глетката. Оние ретки души без фотоапарат мора да се потргнат за да им направат простор на оние подобро опремените, мора да чекаат додека трае ритуалот, и мора да се подвинат додека цели стампеда запираат и ја избраздуваат панорамата со инстаматичкиот Бог. А населенијата на цели земји, гледајќи како ги прождираат, канибалистички, впиени во зјапнатото око со црн обрач, извлекуваат колку-годе можат од човекојадците. Сакаш сликаш мојата куќа, мојата камила? Платиш.
Ова не би било толку важно, веројатно, кога би се постигнало нешто вредно. Ако постојаното брзање и чкрапање создадеа, на крај, нешто што претходно не постоело, слики на фатена убавина или кажана вистина. Но, за жал, не е така. Фотоапаратот е едноставно графити во подобра форма.
Фотоапаратот е средство со кое се лепиме на се што сме виделе, со изговор дека ги сликаме светските чуда веќе чудесно сликани од професионалци и ставени на продажба во книжарниците и трафиките на секој агол. Но, што од тоа што дома ќе го покажеме Ант Мод, разгледници од Тоскана, ако ние не сме на сликата да докажеме дека сме биле таму?
Ниту една планинска верига не е вистинита ако јас не сум таму. Ниту еден споменик не постои ако мојата сопруга не е потпрена на него. Ниту еден храм не е важен без моето насмевнато лице до него. Со мојот фотоапарат присвојувам се што е убаво, го поседувам, го намалувам, го здомувам и го репродуцирам на мојот празен ѕид во дневната за го да докажам на одбрана публика од пријатели и од семејството единствениот значаен факт во врска со овие убавини: јас ги видов, јас бев таму, јас ги фотографирам, значи, тие постојат.
од "Amateur Photography: the World as it isn't and our Fred" напишано од Џил Твиди во The Guardian | Entry #3289
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
11 | 2 x4 | 1 x2 | 1 x1 |
| Сега сето патување е само поместување на фотоапарат од едно место на друго, сите патници се обземени од семоќните објективи. Фотографите ги буткаат настрана старомодните посетителите кои сакаат само да стојат и да набљудуваат со своите анахрони очи, тие сметаат дека додека фокусираат по обичај ништо не смее да го помести или да помине преку нивниот поглед. Тие чудни души без фотоапарат мора да се тргнат настрана за оние што се посоодветно преокупирани, мора да чекаат додека ритуалите завршат и мора да го чекаат своето време додека полни автобуси застануваат и го ослободуваат над пејзажот богот Инстаматик. И населението од сите земји се сметаат за растурени, проголтани, вшмукани во ококореното око со црн прстен, истргнуваат што можат од канибалите. Сакате да ја фотографирате мојата куќа, мојата камила? Платете.
Ништо од ова нема да значи, можеби ако нешто корисно не се остварува. Доколку сета постојана зафатеност и штракањето, со цел даваа тоа што не постоело порано - слики со овековечена убавина или искажана вистина. Сепак, за жал тоа не е така. Фотоапаратот е едноставно дотеран графит.
Фотоапаратот е средство со кое се ставаме себеси како печат на сè што ќе видиме, под маската на овековечување на светските чуда кои веќе се прекрасно овековечени од професионалци и се продаваат во секоја блиска книжарница и трафика. Сепак која е користа дома да се покажуваат на тетка Маре разгледниците со пејзажи на Тоскана кога ве нема на сликата да докажете дека сте биле таму?
Ни парче од крпите не е веродостојно ако јас не сум на неа. Ниеден споменик не постои
ако мојата жена, не се потпира на него. Ниеден храм не е интересен без моето лице до него, како се потсмевнува. Со мојот фотоапарат присвојувам сè убаво, го поседувам, го стеснувам, го удомувам и закачувам на мојот празен ѕид во дневната соба за да им докажам на одбрани пријатели и членови од семејството еден непобитен факт за тие убавини: ги видов, бев таму, ги фотографирав и значи, тие постојат.
од „Аматерска фотографија: Светот како што не е и нашиот Фред“ од Џил Твиди во Гардијан
| Entry #3052
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
9 | 2 x4 | 0 | 1 x1 |
| | | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | | | ProZ.com translation contestsProZ.com translation contests offer a fun way to take a break from your normal routine while testing and honing your skills with fellow translators.
ProZ.com Translation Contests. Patent pending. |